(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Пригожин: Во борбите во Бахмут загина американски државјанин

Од:

Сопственикот и водач на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска соопшти дека во борбите во градот Бахмут загина американски државјанин.

Во видеото објавено на каналот Телеграм на групата Вагнер, Пригожин може да се види како го прегледува документите на загинатиот војник, држејќи, како што рече, американска лична карта во рацете, наведува Си-Ен-Ен.

„Значи, ќе го предадеме на САД, ќе го ставиме во ковчег, ќе го покриеме со американско знаме со почит, бидејќи тој не умре во кревет како старец, тој умре во војната. Најверојатно се работи за достоинствена смрт, нели?“, вели Пригожин на видеото.

Видеото е снимено во Бахмут во текот на ноќта, со звуци на минофрлачки напад, а се слушаат војници како извикуваат: „Покриј се! Минофрлачки напад од западната страна“.

Би можело да ве интересира

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ