На 5. октомври скопска премиера на „Кавкаски круг со креда“ на Драмски театар

Од:

Скопската премиера на „Кавкаски круг со креда“ Драмски театар-Скопје ќе ја изведе на 5 октомври. Премиерата на претставата, според делото на Брехт и во режија на Златко Славенски, премиерно беше изведена на 30 јули, на фестивалот „Охридско лето“.

Во неа учествуваат Васил Зафирчев, Сања Арсовска, Благој Чоревски, Борјан Давковски, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Диме Илиев, Роберт Вељановски, Драгана Миленковска, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Игор Георгиев и Александра-Павлова.

Драмскиот театар ќе ја почне новата сезона на 18 септември со „Грев или шпицер“, а во наредните два дена на репортоарот се и „2012 – Последните Македонци“ и „Солунски патрдии“.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање