(ВИДЕО) Србин е уапсен во Грција, „падна“ поради грабеж на повеќе од 20 часовници „Ролекс“

Од:

Србин (47) член на криминалната банда „Пинк Пантери“ е уапсен во Грција под сомнение дека учествувал во спектакуларен грабеж на златарница во центарот на Атина во август 2021 година, кога биле украдени 23 часовници Ролекс во вредност од над 135.000 евра.

Според грчкиот портал „Мои вести“, инспекторите на криминалистичката полиција, кои работеле на овој случај, идентификувале, а потоа уапсиле двајца осомничени, меѓу кои и еден Србин, поради сомнение дека тие како членови на „Пинк Пантери“ учествувале во кражба на часовници.

– Во грабежот што се случи во август 2021 година, во златарница, на улицата Колокотрони во една од најелитните населби во Атина, крадци успеаа да украдат најмалку 23 часовници Ролекс, вредни повеќе од 135.000 евра – се наведува во текстот.

Во текстот се додава дека за тој грабеж досега се идентификувани пет лица, меѓу кои четворица Срби и еден Грк и дека сите биле членови на злогласната банда „Пинк Пантери“.

– Полицијата во текот на истрагата утврди дека сите уапсени се членови на одредени криминални организации од земјите на Балканскиот Полуостров, меѓу кои видно место има познатата разбојничка банда „Пинк Пантери“. Членовите на оваа криминална организација вообичаено ограбуваат златари и златарници со методот „скрши и грабни“ – се вели во текстот.

Би можело да ве интересира

Ја удри аптекарката и од касата зема 30.000 динари, се трага по разбојник во Белград

А1он

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

Маж ја истепал и ја ограбил својата баба