Зеленски денеска оди во Лондон, ќе бара повеќе оружје од Сунак

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе отпатува за Велика Британија за да се сретне со премиерот Риши Сунак како дел од турнејата на неколку клучни европски сојузници пред очекуваната голема украинска контраофанзива против руските сили.

Во текот на викендот, Зеленски се состана со германските и француските лидери, како и со италијанските официјални претставници на турнеја со цел да се добие воена и финансиска поддршка за Украина.

„Денес – Лондон. Велика Британија е лидер кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денес“, напиша Зеленски на Твитер.

„Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме важни преговори лице в лице“, додаде тој.

Се очекува Зеленски да побара од Сунак повеќе оружје што и е потребно на Украина за да се одбрани од руската инвазија и да ја ослободи окупираната територија.

Минатата недела Велика Британија стана првата земја која почна да ја снабдува Украина со крстаречки ракети со долг дострел.

Би можело да ве интересира

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ