Двете главни новински агенции во Турција објавуваат различни бројки, но сега државната Анадолија објави дека има многу мала разлика меѓу Ердоган и Киличдароглу.
Анадолија наведува дека се преброени повеќе од 80 отсто од гласовите, а според нив Ердоган води со 50,4 отсто од гласовите. На второ место е лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу со 47,7 отсто.
Од приватната агенција Анка велат дека ширум земјата се преброени 78 отсто од гласовите и, според нив, Ердоган има 48,5 отсто од гласовите, а Киличдаорлгу 45,7 отсто.
Како и да е, разликата меѓу двајцата водечки кандидати полека се намалува бидејќи гласовите се пребројуваат во големите, населени градови.