(ВИДЕО) Ацо Петровиќ: Заслуживме да одиме понатаму, момчињата се гордост на земјата

Од:

Селекторот на кошаркарската репрезентација на БиХ, Ацо Петровиќ по елиминацијата од Европското првенство изјави дека БиХ заслужила малку радост, а репрезентацијата дефинитивно заслужила да оди понатаму во натпреварувањето.

Тој во емотивното обраќање пред новинарите изрази жал поради фактот дека БиХ не пројде во наредната фаза од натпреварувањето.

„Босна и Херцеговина заслужи малку радост. Откако ги видов играчите во соблекувалната, тешко е да се каже било што. Никого не можам да обвинувам. Ви благодарам на сите за трудот. Да победеше Македонија, која се откажа, ќе одевме понатаму.

– Немавме помош од балканските тимови. Дефинитивно заслуживме да одиме понатаму. За жал ни Македонија, ни Црна Гора не помогнаа. Тоа е кошарката. Овие момци се гордост на целата земја. Сите имаме причина да бидеме горди“, изјави Петровиќ.

Селекторот на националниот тим на БиХ низ солзи потсети дека бил на чело на хрватскиот стручен штаб, но дека „оваа екипа и оваа земја му влегле во срце“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ