Украинскиот градоначалник на окупираниот град Мелитопол, Иван Федоров, на својот канал Телеграм објави за силната експлозија што се случи утринава.
„Силна експлозија во Мелитопол. Одекна во самиот центар на градот“, објави Федоров, кој е во егзил.
Мелитопол се наоѓа во Запорожје, украински регион кој е делумно окупиран од руските сили.