Зеленски: Ако ги нападнеме Русите со тоа што го имаме, ќе изгубиме многу луѓе

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и треба повеќе време пред да ја започне долгонајавуваната офанзива против руските сили. Како причина за ова, Зеленски во интервју за неколку европски медиумски куќи изјави дека украинската армија треба да го добие ветеното оружје од западните сојузници.

Украинската офанзива, чиј почеток беше најавен за рана пролет, кога временските услови дозволуваат движење на оклопни возила на калливи терени, би можела да го реши конечниот исход на војната и да ги придвижи линиите на фронтот кои со месеци се непроменети. Офанзивата, како што јави Би-Би-Си, ќе биде клучен тест за Украина, која сака да покаже како помошта добиена во оружје и опрема од Запад може да постигне придобивки на бојното поле.

– Со ова што во моментов го имаме можеме да одиме напред и да бидеме успешни. Но, би изгубиле многу луѓе и мислам дека тоа е неприфатливо. Затоа треба да почекаме, ни треба повеќе време – рече Зеленски.

Тој рече дека борбените единици, од кои некои се обучени во земјите членки на НАТО, се подготвени, но наведе дека на армијата и се потребни некои други работи, како што се оклопни возила кои пристигнуваат во групи. Руските сили воспоставија одбранбени позиции долж линијата на фронтот долга 1.450 километри, која се протега од источните региони Луганск и Доњецк до Запорожје и Херсон на југ.

Зеленски рече дека е убеден дека украинската армија може да напредува на фронтот, предупредувајќи на опасност од „замрзнат конфликт“. За Киев, секој исход што би се сметал за неуспех на Запад би значел намалување на воената поддршка и зголемување на притисокот врз Украина да влезе во преговори со Русија. Речиси една петтина од украинската територија моментално е под контрола на руските сили, а Владимир Путин минатата година најави анексија на четири окупирани региони. Евентуалните преговори веројатно би се однесувале и на овие четири региони.

Би можело да ве интересира

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ