Средношколец од штипската Гимназија лишен од слобода по објавени закани на „Инстаграм“

Од:

Средношколец од гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип вчера на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина. Случајот го потврди СВР Штип од каде информираа дека тој е приведен.

– Полициски службеници од СВР- Штип го лишиле од слобода 18-годишен  Б.Д.од Штип, бидејќи во 12:18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Директорот на училиштето Марјан Арсов денеска во изјава за медиумите рече дека службите во училиштето направиле разговор со ученикот и со неговите родители.

-Во текот на вчерашниот ден добивме дојава дека на социјалните медиуми од еден ученик има закана. Тоа кај нас го вклучи алармот и како директор и училиште ги презедовме сите мерки што ни се на располагање. Беше повикана целата служба и родителите на ученикот и се разговараше на таа тема, изјави Арсов.

Според Арсов, настава има во двете смени. – Апелираме до родителите совесно да ги пуштат децата на училиште и дека се ќе биде во најдобар ред, рече Арсов.

Ова е прва ваква објава на социјалните мрежи од страна на ученик во Штип.

 

фото: миа

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он