​Аеродром – прва општина која воспоставува организиран систем за собирање електронски отпад

Од:

Во соработка и партнерство со „Нула отпад“, Аеродром станува и првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, а граѓаните и компаниите добиваат локации на кои ќе можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови, известува Општината.

„Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина. Овој систем, ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

Грижата за здравата и чиста животна средина е наш приоритет, а со промовирање одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче