Шест лица се уапсени во Србија поради сомнение дека ги сториле кривичните дела здружување заради извршување кривични дела и посредување во вршење проституција.
Полицијата се сомнева дека лицата од септември 2022 до мај 2023 година врбувале жени да се занимаваат со проституција, а потоа изнајмувале станови на територијата на Белград каде што девојките се наоѓале со клиенти.
Осомничените се обвинети и за организирање рекламирање проституција преку социјалните мрежи, подведувајќи повеќе од 10 девојки на кои организирале превоз до клиентите.
Се сомнева дека членовите на организираната група ги делеле меѓу себе парите добиени од проституција.
При претрес на становите и другите простории што ги користеле, српската полиција пронашла 203.000 динари, 3.200 евра, 39 мобилни телефони, 3 лаптопи, кои, како што се сомнева, биле користени за евиденција на девојки кои даваат сексуални услуги, евиденција за заработени пари, за почетокот и завршувањето на обезбедувањето сексуални услуги за корисниците на услугите.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.