„Аспекти на творештвото на Петре М. Андреевски“ нова книга на Веле Смилевски

Од:

„Аспекти на творештвото на Петре М. Андреевски“ е новата книга на литературниот критичар и книжевен научник Веле Смилевски. Книгата е објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје, а е посветена на богатиот и разновиден опус на Петре М. Андреевски, кој со своите содржини и естетски вредности бележи еден од врвовите во современата македонска литература.

Смилевски потсетува дека „писателот Петре М. Андреевски, од почетокот на шеесеттите години на минатиот век, кога ги објави своите први книги со поезија и раскази, се до своето физичко заминување во 2006 година, испиша значајни страници и остави силен, препознатлив и неодминлив печат во развојните процеси на современата македонска литература“.

Петре М. Андреевски (1934 – 2006) беше член на Македонската академија на науките и уметностите, на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-клуб. Работеше како уредник во Македонската радио-телевизија. Автор е на поетските книги Јазли, 1960, И на небо и на земја, 1962, Дениција, 1968, Дални наковални, 1971, Пофалби и поплаки, 1976, Вечна куќа, 1987 и Лакримариј, 1999. Ги напишал романите: Пиреј; Скакулци, 1984; Небеска Тимјановна, 1989; Последните селани, 1997; Тунел, 2002 и Бежанци (објавен постхумно 2007). Автор е на збирките раскази: Седмиот ден, 1964; Неверни години, 1974 и Сите лица на смртта, 1994.

Добитник е на високи книжевни признанија, меѓу кои државната награда „11 Октомври“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, Рациново признание и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Негови дела се преведени на француски, романски, германски, српски, англиски, хрватски, шпански, јапонски и на други јазици. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија и проза во земјата и во светот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска