Европскиот парламент го предупредува Белград: Потребни се значајни реформи за значителен напредок

Од:

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство го усвои извештајот за Србија, во кој се наведува дека таа уназадува на патот кон членство во ЕУ, дека се потребни санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина и дека владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против организираниот криминал треба да се зајакне.

Со 508 гласа „за“ и 76 гласа „против“ претставниците го усвоија извештајот на словачкиот претставник Владимир Билчик, кој ден претходно го сумираше со зборовите: „Потребни се значајни реформи за значителен напредок“.

Тој потоа нагласи дека Белград мора да работи на зајакнување на владеењето на правото и судството, борбата против организираниот криминал, како треба да се зајакнат независните медиуми, дека дијалогот со Приштина мора да доведе до резултати и дека Србија мора да се усогласи со европската надворешна и безбедносна политика.

Извештајот оценува дека Србија уназадила во усогласувањето со заедничката надворешна политика на ЕУ и повика на преглед на обемот на финансиската помош што ЕУ и ја дава на Србија доколку продолжи поддршката за антидемократските режими.

Во извештајот се наведува нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово како приоритет и се предупредува дека анти-ЕУ реторика се шири од медиумите под контрола на владата. Се нагласува и важноста од усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено во однос на руската агресивна војна против Украина.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски