Еди Рама доби мандат за состав на новата влада на Албанија

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани денеска му го додели мандатот за состав на нова влада на Албанија на Еди Рама, лидер на левичарската коалиција која победи на парламентарните избори на 23 јуни.

Согласно албанскиот Устав, шефот на државата му го доделува мандатот за формирање влада на лидерот на партијата што има најмногу пратенички места во Парламентот.

Рама (49), кој е лидер на Социјалистичката партија и поранешен градоначалник на Тирана, набрзо по јунските избори го соопшти составот на неговиот иден владин кабинет, кој ќе брои 20 члена.

Албанскиот Парламент денеска треба да избере свој претседател и потпретседатели. Согласно коалицискиот договор, нов претседател на Парламентот треба да биде Илир Мета, лидер на помалиот партнер на социјалистите, Социјалистичкото движење за интеграција (МСИ).

Според најавите, Парламентот за изборот на новата влада најверојатно ќе се изјасни во четврток.

Рама вчера вети дека новата влада ќе работи за побрзо приближување на Албанија кон ЕУ.

– Новото мнозинство ќе работи за приближување на земјата кон Европа. Тоа е исклучително важен момент. Не треба да дозволиме возот за Европа да се оддалечи од нас, туку треба да го стигнеме што е можно побрзо и да влеземе во нова етапа на евроинтеграциите, истакна Рама.

Коалицијата на Рама освои 83 пратенички места во 140-члениот албански Парламент, додека досега владејачката Демократската партија на сегашниот премиер Сали Бериша и другите десно ориентирани партии имаат 57 мандати.

Албанија, на која Брисел веќе двапати не и додели кандидатски статус за членство во ЕУ, се надева дека ќе го добие до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски