Момчето-убиец и Урош Блажиќ учеа да пукаат на исто стрелиште, тврди Блиц

Од:

Момчето убиец, ученик во Основното училиште „Владислав Рибникар“ и масовниот убиец од Младеновац – Урош Блажиќ, како што неофицијално дознава српски „Блиц“, тренирале на истото стрелиште во Белград.

Момчето-убиец го посетувал стрелиштето со неговиот татко В.К., каде научил да пука со огнено оружје, а таткото на момчето дури бил и почесен член на тоа стрелиште.

Според неофицијалните информации на Блиц, масовниот убиец од Младеновац кој уби осум лица, Урош Блажиќ, на распитот тврдел дека вежбал пукање со пиштол на стрелиште под надзор на инструктор.

Блажиќ изјавил и дека покрај стрелиштето вежбал гаѓање во подрумот на куќата во која живеел и дека пукал во вреќа со песок.

Според него, тоа му бил тренинг.

На 3 мај околу 8 часот и 40 минути дошло до пукање во белградското училиште „Владислав Рибникар“ кога ученик од тоа училиште испукал 57 куршуми и уби девет лица – осум школски другари и училишен чувар.

Урош Блажиќ уби осум лица во селата Дубона и Мало Орашје.

Во масакрите што ја потресоа Србија загинаа вкупно 17 лица, а 20 беа ранети.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција