Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Од:

Денеска во 02.45 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода 16-годишник од Скопје, извести МВР.

– Тој бил запрен при управување мотоцикл со скопски регистарски ознаки за кој не поседувал документација, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот е сопственост на Н.С.(29) од Скопје, а тој го одзел околу 01.00 часот пред зграда на подрачје на Ново Лисиче, соопшти МВР.

Во присуство на родител, во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетникот. Мотоциклот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски