Триесетдневен притвор за разбојникот што ограби обложувалница во Градец

Од:

Лицето кое беше лишено од слобода под сомнение дека извршило разбојништво во селото Градец од синоќа е во притвор.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена на Б.Х.(29) од гостиварски Градец.

– Тој се сомничи дека вчер на 7мај извршил разбојништво во спортска обложувалница во Градец и заканувајќи им се со остар предмет на вработените им одзел пари, а оштетил и дел од инвентарот во внатрешноста на објектот, наведуваат од СВР Тетово.

Истата вечер, околу 21часотни 20 минути, Б.Х. лишен е од слобода од полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар и задржан во Полициската станица Гостивар. При лишувањето пронајдени му се одземените пари од обложувалницата.Тој спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски