ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби во Собрание приложиле проценка за капитални расходи поголема за 390 милиони евра во однос на ММФ

Од:

„Ковачевски и Груби знаеле дека изградбата на коридорите ќе чини поскапо, во собрание приложиле проценка за капитални расходи поголема за 390 милиони евра во однос на ММФ?! Проекциите за капитални расходи на ММФ за 2023-2027 за Македонија се пониски за 390 милиони од владините“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според проекциите на ММФ Македонија ќе има капитални инвестиции за 390 милиони евра помалку од владината проекција која се однесува за истиот период, но е направена неколку месеци подоцна. Постои сомнение дека тие 390 милиони евра кои се јавуваат во владинитр проценки се парите кои власта утврдила дека ќе бидат потребни како дополнување на 1.3 милијарди евра за изградба на коридорите.

Имено во извештајот на тимот на ММФ стои „Коридорот 8/10д се очекува да чини 1,3 милијарди евра (10 проценти од БДП во 2022 година) и да биде завршен во период од 6 години, што е вградено во основната макроекономска рамка. Наспроти остриот пораст на трошоците за изградба и неизвесноста поврзана со трошоците за големите инфраструктурни инвестициски проекти, властите побараа сеопфатна и независна физибилити студија од меѓународна реномирана компанија, вклучително и проценета документација, за да се зацврсти проценката на трошоците. Откако ќе се заврши физибилити студијата, таа ќе се користи за информирање на договорот. Властите во моментов избираат независен советник за финансиски трансакции, врз основа на меѓународен тендер, кој ќе го преговара договорот за проектот и ќе го надгледува неговото спроведување. Врз основа на резултатите од физибилити студијата, тие (се мисли на властите) се посветени на преземање мерки за соодветно управување со фискалните ризици, како и трошоците, за да се осигури дека тие се конзистентни со програмските цели и среднорочната фискална рамка“.

Владата мора да одговори дали се изработи физибилити студијата и која сума ја покажаа таа?

Кој е тој независен советник за финансиски трансакции избран на меѓународен тендер кој преговарал за договорот? И дали тоа всушност е Електра солушнс, фирмата за долна облека од Велес?

Дали разликата која што се јавува во проекциите за капиталните расходи од 2023-2027 година којашто беше изработена од ММФ во октомври-ноември 2022 година врз база на консултациите со домашните власти и е пониска од проекцијата на Владата доставена до Собранието на 14.12.2022 година за 390 милиони евра? И дали тоа е првичната проценка за зголемената цена на коридорите, која власта ја знаела уште минатата година?

Дали проектот којшто во ноември вредеше 1,3 милијарди евра веќе во декември 2022 година чини 1,7 милијарди евра, со потенцијал да надмине над 2 милијарди евра заради презементи дополнителни обврски во форма на пенали со потпишаниот договор кој се крие од јавноста?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје