(ВИДЕО) Талевски: Законите со европско знаменце се за коридорите и за проектите финансирани од ЕУ

Од:

„Со недели ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бараа Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега, молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува“, вели Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

„Наместо дебата и конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за цената, за роковите за изградба на делниците. Тоа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да ја одложи реализацијата на проектот, изградбата да трае подолго, а државата да плати 150 милиони евра повеќе.

Изградбата на коридорите е најголема инвестиција во инфраструктурата во историјата на државата во вредност од 1.3 милијарди евра каде ќе се изградат 110 километри автопатски делници на коридорите 8 и 10Д.

СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокада на овој капитален проект и нема да дозволивме при неговата изградба да се повтори хаосот од автопатот Кичево – Охрид.

Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.

На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично.

Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.

Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.

Изградбата на овие коридори, носи економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно“, изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски