Инфлацијата во април се намалува на 13%, а сите мерки на Владата дале сериозен ефект врз ублажување на кризата, смета министерот за економија Крешник Бектеши.
– За само еден месец, од март до април, се намалиле трошоците за живот за храна и безалкохолни пијалоци за 5,2%. Горди сме, можеме да кажеме дека Македонја е најевтина земја во делот на прехранбени производи и нафтени деривати.
Иако цените на дериватите се берзански, владата има простор со проценти да утврдува и да влијае врз цените како што се царината, ддв-то и останатите давачки. Имаме простор да донесуваме вакви одлуки за да ги амортизираме високите цени – истакна министерот Крешник Бектеши.