Приведен разбојник во Скопје, следува пријава

Од:

Вчера попладне, околу 16.00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода 62-годишниот Ш.Р. од Скопје, извести МВР.

– Тој се сомничи дека околу 09.20 часот во спортска обложувалница на улицата „Натаниел Кучевишки“ во Скопје физички ја нападнал вработената и одзел пари. Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас