Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ, поднесе оставка

Од:

Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ, поднесе неотповиклива оставка.

Ружиќ во писмото упатено до премиерката Ана Брнабиќ напиша дека „во неискажлива болка им изразува најдлабоко сочувство на најблиските на жртвите“ и додава: „ангелчињата нека почиваат во мир и Господ нека ни помогне нешто вакво никогаш повеќе да не се повтори. Драматичните слики на настаните од училиштето, солзите пролеани кога им изразувам сочувство на неутешните родители на повредените деца ќе ги носам како печат на мојата душа до крајот на животот“, наведе Ружиќ во писмото и продолжи:

„Во тишината на тридневната национална жалост, како одговорна и добро воспитана личност, професионалец во извршувањето на сите јавни должности досега, како родител и граѓанин на Република Србија, која секогаш ми е на прво место, а согласно член 23 од Законот за Влада ја донесов единствената рационална и чесна одлука во овие околности“.

Тој потсети дека оставката ја понуди на денот кога се случи трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“.

Да потсетиме, Ружиќ утрово положи венец и се потпиша во книгата на жалост во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски