Најмалку 12 лица загинаа, а 31 лице се повредени, од кои три потешко, во верижен судир во јужната турска провинција Хатај, објавија официјални лица.
Несреќата се случила во саботата вечерта кога камионот, откако возачот изгубил контрола, се судрил со друг камион, а потоа удрил во девет автомобили и два минибуса кои биле паркирани покрај патот, по што избувнал пожар, објави турската државна телевизија ТРТ.