Проектот за брз железнички превоз од Мека до Медина во Саудиска Арабија, од кој корист ќе имаат 15 милиони верници кои секоја година доаѓаат да ги посетат овие за муслиманите свети места, ќе биде завршен до крајот на следната година.
Шефот на одделението за сообраќај во Мека, Мухамед Мадани, изјави дека со завршување на овој проект патувањето на аџиите кои доаѓаат за умра и хаџ ќе биде значително олеснето.
Тој објасни дека сообраќајот меѓу Мека и Медина, со покренувањето на новата линија на брзиот воз, ќе биде растоварен за 80 отсто.
Според него, проектот ја вклучува и Џеда, така што патувањето од Мека до овој град ќе трае 25 минути, а патувањето долго 600 километри ќе трае 2,5 часа.
Во возот ќе има и ВИП купеа, ресторан и кафетерија.