Министерката за здравство Даница Грујичиќ денеска изјави дека двете девојчиња кои беа ранети кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба, а во критична состојба е и девојчето повредено во нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Таа за Радио телевизија на Србија изјави дека девојките кои беа ранети во нападот кај Младеновац и Смедерево се здобиле со повреди на главата и стомакот, како и девојката од Белград која исто така има неврохируршки повреди.
„Таа е во многу тешка состојба, се што може се прави, максимално е направена декомпресија, таму беа двајца искусни неврохирурзи. Сè уште правиме се“, рече Грујичиќ, зборувајќи за девојчето рането кај „Владислав Рибникар“.
Според неа, освен оние кои се здобиле со полесни повреди во нападите во Белград, во Младеновац и Смедерево и веќе се пуштени дома, на сите други пациенти најверојатно ќе им биде извршена барем уште една хируршка интервенција.
Во основното училиште „Владислав Рибникар“, 13-годишниот ученик К.К. на 3 мај уби осум ученици и еден училишен работник за обезбедување и рани шест ученици и наставник, додека ден подоцна во околината на Младеновац и Смедерево 21-годишниот У.Б. уби осум лица, а рани 14.