Општина Аеродром се грижи за развојот на дечињата и овозможуваа подобри услови за спорт и развој за најмладите. Нови спортски игралишта во Аеродром се инвестиција во здрава и активна младина.
Основното училиште „Љубе Лапе“ добива два нови спортски терени. Со оваа нова инвестиција ја унапредуваме спортската инфраструктура и ја потврдуваме нашата грижа за здравиот и правилен развој на учениците.
Новата инвестиција, целосно финансирана со средства од Општина Аеродром вклучува целосна реконструкција и обнова на спортските игралишта, поставување нови реквизити за спорт, како и хортикултурно уредување на околниот простор. На овој начин, училиштето добива нови игралишта, а децата добиваат силна поддршка во остварување на своите спортски цели и амбиции.
Проектите во спортот продолжуваат и во следниот период. Нови мултифункционални игралишта, а со тоа и подобри услови за спорт и развој во следниот период ќе во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, а активно се работи на новиот спортско-рекреативен центар за жителите на „Островска“.