Лондон е подготвен за спектакл каков што не е виден во последните 70 години

Од:

По сите проби и планирања, церемонијата на крунисување на новиот британски монарх ќе биде можност целиот свет да биде сведок на спектакуларен историски настан. Во центарот на сè ќе биде кралот Чарлс III, кон кого ќе бидат насочени очите на целата планета.

Последен пат кога присуствуваше на крунисувањето беше како дете, во 1953 година, на церемонијата на устоличување на неговата мајка, покојната кралица Елизабета. Покрај Чарлс денеска ќе биде и Камила, кралицата Консорт, која наскоро ќе почне да се нарекува кралица Камила.

Од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија се оддалечени само 30 минути возење, но денес двајцата го завршуваат патувањето кое трае со децении.

Самата церемонија започнува денеска во 12 часот по средноевропско време, кога кралот и кралицата ќе бидат официјално крунисани. Планирана е голема поворка до и од Вестминстерската опатија, како и појавување на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата.

На церемонијата ќе има и воен спектакл каков што не е виден во Британија во последните 70 години, а на кој ќе присуствуваат седум илјади војници. Во поворката за крунисување, која ќе биде долга една милја, ќе има 19 воени чети.

Би можело да ве интересира

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Уапсен маж пред парламентот во Лондон, го фатиле со неколку ножеви во себе

А1он

(ВИДЕО) Пожар во висококатница во Лондон – 70 пожарникари се на терен

А1он

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон