Познати учесниците во втората фаза на ЕП во Словенија

Од:

На Европското првенство во кошарка денеска е слободен ден, а по одигрување на синоќешните средби од последното 5.коло во првата групна фаза, формирани се две нови групи со по шест земји учеснички кои обезбедија пласман во следниот круг.

Од групата Б во која играше Македонија во следната фаза се пласираа Србија, Литванија и Летонија.

Србите пренесуваат четири бода, Литванците 3 додека Летонија ќе стартува со 2 бода.

Македонија со една победа и четири порази заврши на последното место и е елиминирана од втората фаза.

Изглед на новите две групи:

Група Е:

Франција 4 бодови

Србија 4

Литванија 3

Украина 3

Летонија 2

Белгија 2.

Утре играат: Летонија – Украина, Белгија – Србија и Литванија – Франција.

Група Ф:

Италија 4 бодови

Шпанија 3

Словенија 3

Финска 3

Хрватска 3

Грција 2.

Во 1.коло од втората групна фаза в четврток играат: Финска – Хрватска, Грција – Шпанија и Словенија – Италија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ