Приведени лица од Арачиново и Брест, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Од:

Вчера вечер во 19.00 часот кај место викано „Рамно“, на шумскиот пат кон Бањашница, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода 19-годишниот К.Ј. од село Брест, скопско и 27-годишниот О.Ш. село Арачиново, скопско, извести МВР.

– Тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште, соопшти МВР.

Дрвата биле одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми“ – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски