ВИДЕО: Ердоган претстави борбен авион од петта генерација кој ќе ги замени авионите Ф-16

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера објави дека новите турски борбени авиони ќе го добијат името КААН. „Турција сега е присутна на сите полиња. На копно, море, воздух и вселена“, рече турскиот лидер за време на настанот Век на иднината организиран од Турската авијациска индустрија (ТАИ) во главниот град Анкара за да ги претстави своите авиони.

Ердоган истакна дека името на авионот го дал Девлет Бахчели, лидерот на Партијата за турско националистичко движење (МХП). Каан е историска титула што ја користеле владетелите на турските и монголските држави. Ердоган потсети на неодамнешните одбранбени и технолошки проекти, како што се сателитот IMECE, воениот брод TCG Anadolu, главниот борбен тенк Altay и повеќенаменскиот хеликоптер Gokbey.

„Ако денес зборуваме за векот на Турција, голем дел од него е напредокот што го постигнавме во одбранбената индустрија, што е и гаранција за нашата безбедност и локомотива за технолошки напредок“, рече тој.

Тој најави дека КААН ќе го заврши процесот на тестирање во рок од неколку години, а потоа ќе влезе во инвентарот на турската армија, пренесува турската новинска агенција Анадолу.

Турција го разви авионот од петтата генерација за да ја замени својата застарена флота на американски Ф-16. Ердоган истакна дека Турција ќе стане една од петте земји кои имаат авиони од петта генерација. Проектот за развој на авиони започна во 2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски