ВИДЕО: Шпанската полиција синоќа уапси 15 лица кои се членови на Кавачкиот клан

Од:

Шпанската полиција синоќа уапси 15 лица откако на две локации во руралните области на провинциите Мадрид, Гвадалахара и Толедо беа откриени 13 затворени плантажи со марихуана. Според шпанските медиуми, станува збор за членови на Кавачкиот клан од различмни земји во светот.

Запленети се осум огнени оружја, од кои едно автоматска пушка, повеќе од 3.000 садници марихуана, 150 килограми марихуана затворена во вакуум кеси и 54.000 евра во готовина“, се вели во соопштението на шпанското МВР.

Според нив, оваа криминална група е поврзана со Кавачкиот клан од Србија.

„Нивото на опасност на оваа група е високо, а нејзината главна активност во Шпанија беше меѓународна трговија со дрога и поврзани кривични дела поврзани со перење пари. Групата е опасна и се карактеризира со екстремно насилство“, наведуваат тие.

Мрежата управуваше со затворени насади во провинциите Мадрид, Гвадалахара и Толедо, чии производи се извезуваше во земјите од Северна и Источна Европа. Главните луѓе на организацијата во Шпанија живееја во реони каде живеат луѓе со висока куповна моќ во Мадрид, во домови вредни повеќе од милион и пол евра и користеа возила со врвен квалитет.

Тие имаа оружје за одбрана од можни напади, па дури и да извршат напади врз членови на други организации, бидејќи криминалните мрежи се соочуваат со ривалски групи во нивните земји на потекло. Освен тоа, вообичаено им било да ги менуваат адресите и возилата за да ги отежнат откривањето.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски