Пијани дечко и девојка демолираа кафеана, го претепаа сопственикот, а потоа и гостите

Од:

Марко П.(40) и неговата девојка Нина Р.(37) се уапсени синоќа на Бежанијска коса откако во пијана состојба демолираа кафеана, а потоа го претепаа сопственикот.

Инцидентот се случи во кафуле на улицата „Партизаска авијација“ околу 1.20 часот, пренесува Новости.

Гостите ја известиле полицијата која набрзо пристигнала и пред шанкот ги затекнала Марко П. и Нина Р., кои биле видно алкохолизирани.

„При разговор со гостите на локалот и со сопственикот кој бил претепан, било констатирано дека осомничениот маж и жена правеле хаос во локалот, фрлајќи чаши и шишиња, а кога сопственикот се соочил со нив, тие нападнале уште неколкумина од гостите. По увидот на полицијата, полицајците го привеле Марко П.“, објавија српските медиуи.

Кај сите повредени биле констатирани полесни физички повреди. По извршениот преглед, во полициска станица била донесена и Нина. Таа и нејзиното момче се приведени според Законот за прекршоци.

Против Марко П. и Нина Р. поднесени се прекршочни пријави и истите се приведени заради отрезнување.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски