Конституиран новиот албански Парламент

Од:

Новиот албански Парламент, осми по ред од демократските промени во земјата, доцна попладнево официјално ја почна својата работа.

Со конститутивната седница на Парламентот преседава социјалистот Намик Докле (67), бидејќи две години повозрасниот од него пратеник, Сали Бериша, одби да го стори тоа со образложение дека „не може да раководи со работа на Парламент , во кој владејачкото мнозинство дошло на власт со измами, криминал и пари од дрога“.

– Овој законодавен дом, како ретко кога ја почна работата без бојкот, тоа благодарение на политичките партии, а пред се благодарение на албанскиот народ кој одлучи со својот глас да ја смени динамиката во правец на ЕУ. Одлучи да биде поумен, побрз.

Ни упати порака против политиките на ароганција и крабежи, рече меѓу другото Докле, кој ги прочита имињата на сите 140 пратеници, врз основа на записникот на Централната изборна комисија. Веднаш потоа избрана беше Верификациона комисија која треба да ја разгледа изборната документација за пратениците.

Првата седница на Парламентот траеше дваесет минути по што Докле закажа нова седница за утре во 11 часот, кога Комисијата ќе ја достави листата на пратеници по што тие треба да положат заклетва.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски