Пипан ја презеде вината

Од:

Ако барате виновник, можете да „пукате“ по мене, а кошаркарите се трудеа и се бореа и можат да се вратат со кренати глави, изјави селекторот на македонската репрезентација, Алеш Пипан по поразот од Летонија.

Со поразот, репрезентацијата се враќа дома, а Пипан ќе остане во својот дом, во Словенија. Македонија Евробаскет 2013 го завршува со скор од 1 победа и четири порази во групната фаза.

– Можеби нема да биде комплетна анализата со жешки глави, меѓутоа јасно е дека не успеавме. Ќе треба да ги погледнеме натпреварите и да видиме каде грешевме. Но, факт е дека неправдата против Црна Гора многу не погоди и не исфрли од колосек. Ако барате виновник, можете да „пукате“ по мене, а кошаркарите се трудеа и се бореа и можат да се вратат со кренати глави. Се чини дека многу ни недостигаше и Ѓорѓи Чековски, кој се повреди во незгоден момент, и со него многу загубивме во битката под кошевите. Тој ги мина целите подготовки и ни беше еден од најдобрите играчи, посебно во одбраната. Најслабиот натпревар го одигравме против БиХ, а не успеавме да се вратиме во ритам ниту против Летонија – изјави Пипан, и им честиташе на Летонија за заслужената победа.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ