Министерот за воени ветерани и инвалиди на Федерацијата Босна и Херцеговина, Зукин Хелез учествувал во масовна тепачка во кафеана во градот Бугојно, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.
При тепачката посериозно е повреден сопственикот на кафеаната Бенјамин Хадаревиќ, кој во изјава за весникот тврди дека министерот Хелез „прв се нафрлил врз него“.
Претставник на полицијата за „Дневни Аваз“ потврдил дека министерот бил затекнат на местото на тепачката, но во интерес на истрагата одбил да даде повеќе детали за инцидентот.
Хелез, од своја страна, ги негира ваквите тврдења, нагласувајќи дека случајно се нашол во кафеаната за време на тепачката и дека не учествувал во неа.
Полициската истрага за настанот продолжува.