Гери Пејтон, беше примен во Куќата на славните во Спрингфилд.
Тој е единствениот играч кој има повеќе од 20.000 поени, 8.000 асистенции, 5.000 скока и 2.000 украдени топки во својата кариера.
Во Салата на славните беше примен уште Бернард Кинг, кој има просек од 22.5 поени во 15 -годишната кариера, како и легендарниот колеџ тренер Рик Питимо кој освои 2 титули во NCAA.
Тој ги помина последните 12 сезони на чело на Луисвил, а пред тоа работеше во Сиракуза, Бостон универзитетот, Провиденс и Кентаки. 60 -годишниот Питино има 6 години во НБА чело на Њујорк Никс и Бостон Селтикс, но неговиот настап не беше многу успешен.
Признание доби и легендарниот бразилски реализатор Оскар Шмит, кој беше претставен од неповторливиот Лери Бирд.