(ВИДЕО) Зеленски: знам да пукам, против Русите би се борел до смрт

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има пиштол и би се борел до смрт со неговиот поблизок круг луѓе, доколку Русите упаднале во неговиот штаб во Киев на почетокот на инвазијата, изјави во интервју за телевизијата 1+1.

„Знам да пукам. Можете ли да го замислите насловот „Русите го фатија украинскиот претседател“? Тоа би било срамно“, рече Зеленски во интервјуто.

Во првите денови по инвазијата на 24. февруари минатата година, руските разузнавачи се обидоа да упаднат во Киев, но не успеаја да стигнат до улицата Банкина, каде што се наоѓа претседателската канцеларија. Другите руски трупи почнаа да ги напаѓаат предградијата на Киев, но не напредуваа далеку. Во градот имаше и обиди за саботажа.

„Да упаднеа, немаше да разговараме сега. Никој не ќенбеше заробен бидејќи ќе се бореше до крај. До последно“, рече Зеленски. На прашањето дали има пиштол и дали вежбал со него, тој одговори потврдно.

Во вообичаеното обраќање до јавноста, тој ги обвини руските војници дека се виновни за воени злосторства исто како и нивното раководство. „Не само командантите, туку сите вие, сите сте терористи и убијци и сите мора да бидете казнети. Секој што пилотира и испалува проектили, кој одржува авиони и бродови што служат за тероризирање, сите вие ​​сте соучесници во злосторството. – изјави Зеленски.

Изјавата уследи по ракетниот напад врз украинскиот град Уман во петокот, во кој загинаа 23 лица. Меѓу нив, рече Зеленски, имало шест малолетници. Тој повтори дека треба да се формира специјален меѓународен суд за руските злосторства во Украина по моделот на Нирнбершките процеси против нацистите.

Би можело да ве интересира

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков