Тажна вест доаѓа од иранските фудбалски терени. Член на локалниот второлигаш Шохад Баболсар колабирал во седмата минута од натпреварот и иако му била укажана лекарска помош, тој починал на пат кон болница.
⚠️ Content warning
Amirhossein Shirchi’s last moments, before collapsing on the ground and passing away on the way to the hospital. https://t.co/RhPUylCVrH pic.twitter.com/iKj5fDapE3
— Erfan / عرفان (@Eri1806) April 26, 2023
Вознемирувачката видео снимка покажува дека Амирхосеин Ширчи (23) ненадејно колабира на теренот додека соиграчите и членовите на противничката екипа избезумено го повикуваат медицинскиот персонал.
Му била укажана помош и со возило на Брза помош бил пренесен во блиската болница, но и покрај напорите на лекарите по пат починал.
Несреќниот фудбалер имал срцева болест, што го потврди и првиот човек на Баболсар.