Променливо облачно, температура до 22 степена

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Од УХМР информираат дека во Скопје ќе преовладува променливо облачно со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните два дена времето ќе биде релативно топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Убаво време до среда, потоа дожд и пониски температури

Облачно време со сончеви периоди – температурата до 21 степен

А1он

Облачно и денеска, од утре суво и потопло

Студено утро, температури до 20 степени во текот на денот

Највисока снежна покривка на Попова Шапка

ВИДЕО: Падна снег, земјава е во првиот студен бран