Рекордни температури во Шпанија и Португалија, 38,8 степени се измерени во Кордоба

Од:

Шпанија и Португалија поставија температурни рекорди за април годинава, па во шпанската Кордоба на југ се измерени 38,8 степени Целзиусови, а во португалската Мора 36,9, соопштија денеска метеоролошките служби на двете земји.

Температурниот рекорд во копното на Шпанија е измерен во четвртокот на метеоролошката станица на аеродромот во Кордоба, објави на Твитер шпанската метеоролошка агенција Аемет.

Претходниот рекорд датира од 2011 година, кога во Елче на истокот од земјата беше 38,6 степени. Оваа „привремена информација“ допрва треба да се потврди, извести Аемет.

Ова, сепак, не е апсолутен рекорд во цела Шпанија за април, бидејќи историскиот максимум е измерен во 2013 година на Канарските острови, кои се наоѓаат покрај брегот на северозападна Африка – 40,2 степени.

Оваа недела Шпанија и Португалија беа погодени од топлотен бран поради масата топол и сув воздух од Северна Африка. Температурите треба да почнат да опаѓаат од викендот.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата