Заврши обдукцијата на петгодишното девојче чие тело беше најдено во вреќа: Нејзината смрт останува мистерија

Од:

Денеска е извршена обдукцијата на петгодишното девојче чие тело во вторникот беше пронајдено во вреќа за ѓубре во стан недалеку од нејзиниот дом во Франција.

Првите резултати укажуваат дека девојчето не било силувано, но конечната причина за смртта ќе треба да почека уште неколку дена, јавуваат француските медиуми.

Како што се наведува, потребно е да се направат дополнителни форензички анализи, за патолозите со сигурност да кажат која е причината за смртта на девојчето.

За потсетување, полицијата во вторникот уапси петнаесетгодишно момче, кое е осомничено дека киднапирало девојче додека таа си играла пред нејзината куќа во Рамбервил на истокот на Франција, а потоа ја убил.

Во февруари, осомничениот беше пуштен од воспитно-поправниот дом, каде што помина една година под обвинение за киднапирање и силување на две момчиња на возраст од 10 и 11 години.

Во текот на рочиштето тој се бранеше со молчење.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток