Муцунски: По 10 години Лисиче добива нов мултифунционален спортско-рекреативен комплекс, инвестиција целосно обезбедена од општина Аеродром

Од:

„Денес почнуваме со градежните работи за изградба на нов мултифункционален комплекс во Лисиче. Во овој дел од општина Аеродром повеќе од 10 години немало ваков тип на инвестиција, односно тоа што им е најпотребно на граѓаните, место за рекреација, место за одмор, место за спортски и друг тип на рекреативни активности. Овој комплекс ќе има посебно детско игралиште, посебно спортско игралиште, мал плоштад. Инвестицијата е целосно на општина Аеродром и очекуваме инвестицијата да се реализира, односно да се заврши пред почетокот на летото“, вели Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

„Пред околу 10-тина бевте наши гости на изградбата на почетокот на градежните работи за изградба на парк „Радост“, презентиравме и друг тип на вакви активности во последните недели што значи сме максимално посветени за обезбедување на простор за рекреација, тоа што им е посебно потребно во овие периоди на жителите на општина Аеродром.

Ќе ни биде задоволство да ве поканиме и понатаму, имаме многу дополнителни капитални инвестиции кои што ќе ги отпочнеме следниот период. Работиме посветено во кризни времиња, во малку поспецифични времиња за единиците на локалната самоуправа, но со посветена и искрена работа, согласно нашите програмски определби сметаме дека реализираме проекти кои што се насочени кон подобар живот на сите жители на општина Аеродром“, изјави Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче