Припадници на српската полиција во Пирот ја привеле М.М. родена 1970 од Димитровград бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторила кривично дело убивање и малтретирање животни, објавија српските медиуми.
„Таа е осомничена дека во дворот на семејната куќа во Димитровград со дрвен стап удрила неколку пати кучето на непознат сопственик, кое од здобиените повреди починало“, соопшти Полициската управа Пирот.
Невладината српска организација за заштита и благосостојба на животните и животната средина „Коалиција за живот“ ја пријавила оваа жена во Министерството за внатрешни работи на Република Србија, ПУ Пирот, српското Републичко јавно обвинителство, Основно јавно обвинителство Пирот, Вишото јавно обвинителство Пирот.