Кривична пријава за маж од Арачиново, со личната карта на брат му се обидел да подигне кредит

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишниот Ш.Б. од скопското село Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Како што соопшти МВР, на 9 декември 2022 година пријавениот ја употребил личната карта на брат му и се обидел да доведе во заблуда вработен во финансиско друштво и на тој начин да подигне кредит во негово име.

Лицето не успеало во намерата и по преземени мерки му е поднесена пријавата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас