ДЗР: Буџетските средства од ДИК за партиите делени без јасни критериуми

Од:

Постоење на необјективни и јасно мерливи критериуми за распределбата на јавните средства за платено рекламирање и за распределба на дополнителните средства за вториот круг од локалните избори, констатирал Државниот завод за ревизија по извршената ревизија за усогласеност на „Исплатените средства од Државната изборна комисија за извршување на изборните дејствија за спроведување на локалните избори 2021 година“.

– Со извршената ревизијата во ДИК констатирано е дека не е извршен избор на Генерален секретар, согласно член 30 став 1 од Изборниот законик, лице кое обезбедува ефикасно и ефективно раководење со Стручната служба, со сите административни службеници, обединување на работата на Стручната служба и поддршка на работата на претседателот и на ДИК, се наведува во соопштението од ДЗР.

Исто така, констатирано е дека ДИК не поседува и не располага со сопствен магацински простор, за чување на набавена техничка опрема (4000 уреди за биометриска идентификација на гласачите) кои времено се сместени во Домот на Армијата во Скопје, простор кој не е доволен, соодветен и адекватен и не обезбедува сигурност и заштита за сместување на набавените уреди и опрема.

По извршената ревизија увидено е дека не е пополнето работно место самостоен референт економ магационер, кој треба да раководи со магацинот на ДИК, да го чува изборниот материјал, да го одржува инвентарот на опремата и потрошниот материјал, што создава ризик од несоодветно ракување, одложување и чување на залихите на изборните материјали, што може да доведе до нивно трајно оштетување и неможност од нивно користење во наредните изборни процеси.

Исто така, како што посочуваат од ДЗР, утврдени се и одредени неусогласености и пропусти во спроведувањето на постапката за јавна набавка на услуга – изработка и печатење на доверлив изборен материјал и избирачки список за изборите за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, кои се однесуваат на набавка на стоки и услуги заради потребите на спроведувањето на локалните избори 2021 година, кои доведуваат до можно влијание врз конкуренцијата помеѓу економските оператори и цената која може да се постигне.

– Склучен е договор за јавна набавка на услуга – изработка и печатење на доверлив изборен материјал и избирачки список за изборите за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, во вкупен износ од 53 милиони денари. Предметот на тендерската документација е неделив, составен од повеќе ставки, при што дел од ставките се наведени како доверливи, а истите согласно Упатството за утврдување на видови на изборен материјал донесен од ДИК, се сметаат за недоверлив изборен материјал, се наведува во соопштението.

Од ДЗР посочуваат дека договорниот орган во образецот на понудата ги нема наведено барањата за утврдување на поединечна цена за секоја ставка одделно по барана количина, односно економскиот оператор ја нуди вкупната цена за целата набавка, што не е во согласност со член 81 став 1 од Законот за јавните набавки.

– Вредноста на услугата е искажана како вкупна вредност на договорот, односно во фактурата и спецификацијата за услугата не се искажани поединечни цени за количината по секоја ставка одделно, што не е во согласност со член 82 став 1 од Законот за јавните набавки и во текот на изборите, склучен е Анекс кон договорот за набавка на дополнителна количина на препечатување на гласачки ливчиња за членови на совет на Општина Бутел поради направен превид во симбол на политичка партија, и гласачки паравани во вкупен износ од 1 милион денари со дадени единечни цени, кои претходно со основниот договор истите не биле наведени воопшто, велат од ДЗР.

Со измените и дополнувањата на Изборниот Законик во февруари 2020 година предвидено е гласање со примена на техничка опрема за идентификација на гласачите. Постапката за јавна набавка на Интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите со вкупна вредност од 679 милиони денари без ДДВ, била проследена со жалби и тужби кои се однесуваат на тендерската документација и техничката спецификација кои биле одбиени поради неоснованост од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки и Управниот суд.

Би можело да ве интересира

ДЗР: ЈСП не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

ДЗР: Власта одвојува многу малку пари за судството

ДЗР: Додаток за прилагодување на пазар на труд не се исплаќа во ниту една државна институција

Ревизорите нашле низа неправилности и неусогласености во Министерството за животна средина

ДЗР објави извештаи од ревизија на сметките на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива за 2021 година