Љубовникот ја уби Наталија и ја закопа во шума: Пред злосторството жртвата се степа со неговата бремена сопруга

Од:

Јоана С. (47) влезе во судот во областа Кобург во Германија со црно-бела слика на нејзината мртва ќерка Наталија (28). Неколку метри пред неа, скриен зад папка, седеше љубовникот на нејзината ќерка Конрад Г.(29) и се насмеа, додека на нозете имаше синџири.

Електричарот и градинар Конрад Г. е обвинет за убиство од небрежност: откако имал секс со Наталија на 11 мај 2022 година, ја задавил, а потоа ја закопал во шумата. Дома го чекала неговата сопруга, бремена со третото дете. Меѓутоа, во својата исповед Конрад се опиша себеси како жртва, а Наталија (28) како личност која го демнела и ја загрозувала среќата на неговото семејство, пренесува Билд.

– Тоа беше промена од монотоното секојдневие во бракот. Не ја сакав – изјави Конрад на почетокот на процесот.

Тој привремено се пресели кај неа, и плати кирија и ја издржуваше, но вели дека „не ја прифатила неговата одлука да се врати во семејството“. Тој тврди дека таа се појавила пред градинката на неговата ќерка и училиштето на неговиот син.

– Морав да употребам сила за да се ослободам од неа – рече тој.

На 11 мај 2022 година, Конрад и Наталија се сретнаа во Кобург, а тој и рекол на сопругата дека имал состанок во клубот. Тој тврдеше дека Наталија го молела на колена да се врати кај неа. Не е точно јасно како Наталија и неговата сопруга Ела завршиле заедно, но рече дека одеднаш слушнал расправија во градината.

-Имаше тепачка помеѓу Наталија и мојата сопруга Ела. Истрчав надвор, а мојата сопруга, која беше во петтиот месец од бременоста, лежеше на земја додека Наталија беше над неа. Викаше дека и го зела сопругот, а сега ќе и го земе и детето – рече обвинетиот.

Плашејќи се за животот на жената, тој ја удри Наталија во вратот и по главата, а таа падна на земја борејќи се за воздух. Ја испрати Ела дома, а кога се врати во градината тврдеше дека Наталија веќе била мртва. После тоа отишол дома да земе селотејп и кеси за ѓубре. Тој го завитка телото во чаршав и го спакува во Ауди А6 на Наталија. Во паника ја закопал некаде во шумата. Следниот ден го однел автомобилот до домот на Наталија и го паркирал на паркингот.

На првиот ден од судењето се покажа дека Конрад Г. има уште четири афери за време на неговото неверство со Наталија С. Судијата Јана Хубер сака да ја соопшти пресудата на 9 мај.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски