Во Осло денеска почна судењето на поранешниот командант на руската платеничка војска Вагнер, Андреј Медведев (26), кој побегна во Норвешка.
На Русинот му се суди за учество во тепачка во кафеана, давање отпор при апсење и носење воздушна пушка во бар.
Андреј Медведев во јануари ја премина руско-норвешката граница, побара азил во Норвешка и зборуваше за војната во Украина и за неговата вмешаност во групата Вагнер, обвинувајќи ги за бројни злосторства.
Откако пристигна во Норвешка, Медведев е вмешан во два одвоени инциденти. Норвешката полиција за првиот излезе со соопштение минатиот месец, но не ги објави деталите, додека вториот беше откриен дури сега, со обвинението кое против него го покрена норвешкото правосудство.