Бесими: Повеќекратни придобивки од изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Од:

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска пред стопанствениците порача дека економските импликации од реализацијата на проектот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10д се повеќекратни.

– Тие што се економисти и што се занимаваат со теоријата на економија, но и тие што работат практично во стопанството, знаат што значи инвестицискиот мултипликатор. Директната поврзаност според физибилити студија, директно поврзани нови работни места се 3000. Индиректно дополнително 5000, тоа се околу 8000 работни места. Дополнително од аспект на инвестициите од милијарда и 300 милиони евра за пет години период на изведба, се некаде номинално 2 проценти од БДП, нови пари за инвестиции од Буџетот, рече Бесими, одговарајќи на прашање од претставници на бизнис заедницата во Стопанската комора во однос на проектот за коридорите што ќе го спроведува „Бехтел и Енка“.

Даночните ослободувања на овој договор, како што дополни, не се есклузива. Такви одредби се применуваат на сите инфраструктурни проекти што одат во Собрание.

– Ослободувањето од давачки ја ослободува ликвидноста во стопанството, ја намалува даночната оптовареност на нашето стопанство. Трета работа од ова за целиот проект е не само за овој туку и за другите, и домашните компании се ослободени од данок, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Бесими: Минатата година највисока реализација на капиталните инвестиции

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Бесими: Трезорот ќе работи, правата на вработените ќе ги оствариме согласно законите

Бесими: Општествениот консензус можност за „економско чудо на Балканот“

Бесими: Со 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР, ЕУ и ИПА го заокруживме финансирањето на деценискиот проект за изградба на железницата кон Бугарија