Тешка сообраќајка на патот Битола – Ресен: Загина жена, двајца тешко повредени

Од:

Жена загина во тешка сообраќајка која се случи на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”.

Според полицијата вчера во 13.53 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу „сеат“ управуван од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес”, управуван од С.Ј.(52) исто така од Ресен.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Сопатникот во возилото „сеат“ А.А.(56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски