Денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 21 степен.

До средината на следнава недела времето ќе биде променливо облачно, до вторник во попладневните, а во среда претежно претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од среда ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер што најпрвин ќе ги намали дневните температури за неколку степени, а посвежо ќе биде и во четврток и петок наутро.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност